Често поставувани прашања
Како да знам каков тип на кашлица имам?
Сувата и продуктивната кашлица имаат различни симптоми. Отсуство на секрет, суво грло, гребење, чешање и иритација во грлото се карактеристики на сувата кашлица. Од друга страна, при продуктивна кашлица се произведува зголемена количина на секрет во дишните органи. Со одговарање на едноставните прашања подолу, ќе можете да го откриете типот на вашата кашлица.
Дали Хербион е соодветен за деца?
Секако! Хербион сирупот од исландски лишај и Хербион сирупот од бршлен се соодветни и за најмалите деца, на возраст од 1+ и 2+. Хербион сирупот од тегавец и Хербион сирупот од јаглика се соодветни за деца над 4 години. Хербон сирупите се природни и безбедни, со пријатен вкус. Прочитајте повеќе за кашлица кај децата и одберете го соодветниот Хербион сируп за вашето дете.
Колку долго треба да трае третманот со Хербион сирупите?
Кашлицата најчесто е последица на вирусни инфекции. Во таков случај, ви препорачуваме да земате Хербион се додека кашлате. Но, ако симптомите траат повеќе од 1 до 2 недели, препорачуваме да одите на лекар бидејќи во ваков случај кашлицата може да биде симптом на некоја посериозна болест.
Дали морам да одам на лекар кога кашлам?
Ви препорачуваме да се обратите на лекар ако кашлицата стане хронична (повеќе од 2-3 недели) или кога трае пократко, но е проследена со крв во искашлокот, при проблеми со дишењето или кога истовремено со кашлицата постои и висока температура, забрзано чукање на срцето или малаксаност.
Зошто некои производи нудат едно решение за двата типа на кашлица?
Постоењето на два типа на кашлица и различниот пристап на лекување станува се повеќе познато помеѓу професионалците и пациентите. Сувата и продуктивната кашлица имаат различни механизми на настанување. Затоа, препорачуваме да одберете производ за кашлица во согласност со типот на кашлицата. Хербион нуди различно решение за двата типа на кашлица: Хербион сирупот од тегавец и Хербион сирупот од исландски лишај за смирување на сувата кашлица и Хербион сирупот од јаглика и Хербион сирупот од бршлен за искашлување.