Дали сте знаеле?
- Топлата и многу ладната храна и пијалоци дополнително ја надразнуваат слузницата на дишните патишта и може да предизвикаат кашлица.
- Во многу случаи кашлицата можеме сами да ја лекуваме. Се препорачува да пиете многу течности, проветрувајте ја собата, навлажнувајте го воздухот, земајте доволно витамини, подгответе парни бањи за инхалација или користете производи за смирување на сувата кашлица или сирупи за искашлување при продуктивна кашлица.
- Хроничен бронхит се дијагностицира кога пациентот кашла и искашлува најмалку три месеци годишно, две или повеќе години по ред. Хроничниот бронхит е доста чест (кај 10 – 25% од возрасните). Најчестиот ризик фактор за бронхит е пушењето. Затоа се препорачува престанок на пушењето. Во случај на хроничен бронхит, потребен е совет од лекар и соодветен третман.