Лекување на кашлица
Особено е значајно да се направи разлика помеѓу двата типа на кашлица бидејќи сувата и продуктивната кашлица треба да се лекуваат на различен начин. Лекувањето на кашлицата е поефикасно кога сувата кашлица ја лекуваме со сируп за смирување на сува кашлица, а продуктивната со сируп за олеснување на искашлувањето на секретот.
Зошто е важно да се разликуваат два типа на кашлица?
Сувата и продуктивната кашлица имаат различни механизми. Затоа треба да се лекуваат на различен начин. На пример, продуктивната кашлица не се лекува со антитусици, бидејќи на тој начин не може да се отстрани прекумерниот секрет.
Можности за лекување
Најнапред, важно е да се отстранат причините за кашлица ако ги знаеме. Кашлицата можеме да ја лекуваме симптоматски со:
- Експекторанси – се препорачуваат за полесно искашлување во случај на продуктивна кашлица. Го разводнуваат густиот секрет кој се создава во дишните патишта и на тој начин го олеснуваат искашлувањето.
- Антитусици – наменети за смирување на сувата кашлица. Дејствуваат преку неколку механизми. Постојат антитусици со локално дејство кои механички ја обложуваат слузницата и ја намалуваат дразбата која предизвикува кашлица и антитусици со централно дејство кои го потиснуваат рефлексот за кашлање во мозокот. Хербион сирупите од тегавец и исландски лишај немаат централно дејство.
Хербион овозможува природно решение за двата типа на кашлица: сирупи кои ја смируваат сувата кашлица и сирупи кои го помагаат искашлувањето при продуктивна кашлица. Хербион сирупите се наменети за целото семејство, како и за најмалите деца. Погледнете во како делува Хербион.
Зошто кашлицата треба да се лекува?
Кашлицата може да предизвика разни непријатности:
- Кашлицата може да биде надразнителна, но во исто време и да го исцрпи пациентот.
- Кашлицата може да го наруши спиењето.
- Кашлицата може да биде и причина за бројни компликации: болка во градите, неволно истекување на урина, а во некои случаи и посериозни проблеми. Високиот притисок кој се развива за време на кашлањето може да има влијание врз циркулацијата на крвта во градите, па дури и врз работата на срцето.
Кашлање за време на настинка и грип
Доколку кашлицата е последица на настинка и грип, може да се појави заедно со другите симптоми на настинката и грипот, како што се болка во грлото, главоболка, мускулна болка, покачена температура, течење од носот и тн. Во такви случаи, побарајте совет од вашиот фармацевт за овие симптоми.
Кога да одите на лекар?
Бараме совет од лекар кога кашлицата трае 1 до 2 недели, кога ќе забележиме крв во искашлокот, кога имаме проблеми со дишењето или кога истовремено со кашлицата постои и висока телесна температура, забрзано чукање на срцето или малаксаност.