Причини за кашлица

Што е кашлица?
Кашлицата е нормален заштитен рефлексен механизам со кој се отстранува секретот и страните честички од дишните патишта. Физиолошка причина за кашлицата е одржување на дишните патишта без пречки и нормално дишење.
Кашлањето е предизвикано од надразнување на слузницата на дишните органи. Дразбата се пренесува преку посебни нервни патишта до центарот за кашлање во мозокот. На тој начин, мускулите добиваат наредба силно да се грчат што предизвикува брзо издишување и овозможува брзо отстранување на честички и секрет од дишните патишта.
Од што е предизвикана кашлицата?
Кашлицата е најчесто предизвикана од вирусни инфекции (како грип и настинка) или страни честички во дишните патишта. Кашлицата може да биде и последица на други причини како астма, алергиски ринит, проблеми со стомакот или хранопроводникот, бронхит, туберкулоза, пневмонија, голема кашлица (пертусис), синузит, пушење, несакани дејства од некои лекови и др.
Што со кашлицата кај децата?
Децата се повеќе склони на инфекции од возрасните, па затоа почесто имаат настинка. За повеќе информации на оваа тема, погледнете во Кашлица кај деца.