Кашлица кај деца

Кашлица кај деца

Вирусните инфекции, како што е настинката, се многу чести кај децата. Вообичаени симптоми на овие инфекции се течење на носот, покачена температура и кашлица. Хербион е одлично природно решение за кашлица и кај децата.

 

Кашлицата е чест симптом кај децата

Возрасните имаат две до четири, а децата шест до десет настинки годишно. Децата се повеќе склони на вирусни инфекции бидејќи нивниот имунитет е сеуште во развој и се во постојан контакт со други деца.

Често, вирусните инфекции кај децата вообичаено траат неколку дена што не треба да ги загрижи родителите.

Хербион е безбедно решение за кашлица кај децата

Хербион е безбедно решение за кашлица кај децата

Хербион е лек за целото семејство: за децата и возрасните. Хербион е ефикасно и безбедно решение во третманот на кашлица.

 

Зошто Хербион е соодветен за деца?

  • Хербион сирупот од исландски лишај е соодветен за најмалите деца (1+), додека Хербион сирупот од бршлен се препорачува за деца над 2 години (2+).
  • Ефикасноста и безбедноста кај децата беа потврдени со неколку клинички студии.
  • Хербион сирупите содржат природни – растителни екстракти кои имаат повеќекратно дејство. Хербион сирупите немаат централно дејство врз центарот за кашлање во мозокот. Погледнете во како делува Хербион.
  • Хербион сирупот од исландски лишај и Хербион сирупот од бршлен не содржат шеќер, туку сорбитол од природно потекло.
  • Хербион сирупите имаат пријатен вкус: портокал (Хербион сируп од тегавец), мајчина душица (Хербион сируп од јаглика), лимон (Хербион сируп од исландски лишај) и мелем од лимон (Хербион сируп од бршлен). Поради пријатниот вкус, децата ги сакаат сирупите.
  • Формата на сируп е погодна за децата. Лесно се голта.

Од која возраст се препорачува Хербион?

Хербион сирупите се препорачани за третман на кашлица кај деца и возрасни:

Хербион сируп од тегавец

Возрасни и деца над 14 години: 2 полни дозирни лажички 3 до 5 пати на ден
Деца на возраст од 7 до 14 години: 1 до 2 полни дозирни лажички 3 пати на ден
Деца на возраст од 4 до 7 години: 1 полни дозирни лажички  3 пати на ден
Деца помали од 4 години: не се препорачува

Хербион сируп од исландски лишај

Возрасни и деца над 16 години: 15 ml од сирупот 4 пати на ден
Деца на возраст од 10 до 16 години: 10 ml од сирупот 4 пати на ден
Деца на возраст од 4 до 10 години: 5 ml од сирупот 4 пати на ден
Деца на возраст од 1 до 4 години: 2.5 ml од сирупот 4 пати на ден
Деца и бебиња помали од 1 година: не се препорачува

Хербион сируп од јаглика

Возрасни и деца над 12 години: 1 дозирна лажичка од сирупот 4 пати на ден
Деца на возраст од 4 до 12 години: 1 дозирна лажичка од сирупот 3 пати на ден
Деца помали од 4 години: не се препорачува

Хербион сируп од бршлен

Возрасни и деца над 12 години: 5 до 7.5 ml од сирупот 2 пати на ден
Деца на возраст од 6 до 12 години: 5 ml од сирупот 2 пати на ден
Деца на возраст од 2 до 5 години: 2.5 ml од сирупот 2 пати на ден
Деца помали од 2 години: не се препорачува

Кога да побарате совет од лекар?

Доколку симптомите не исчезнат по 1 до 2 недела, ве молиме побарајте совет од лекар. Во тој случај, кашлицата веројатно е последица на некоја посериозна причина отколку на едноставна вирусна инфекција, како што се астма, алергиски ринит, проблеми со стомакот или хранопроводникот, пневмонија, туберкулоза, бронхит, голема (магарешка) кашлица, воспаление на синусите или некоја друга причина. Исто така, консултирајте се со лекар ако детето има проблеми со дишењето, крв во искашлокот, многу висока температура или забрзано чукање на срцето.