Состав на Хербион ® сирупот
Состав на Хербион сирупот од тегавец

Листови од тегавец
Листовите од тегавец содржат муцилагенозни полисахариди. Муцилагите формираат тенок слој и механички ја штитат слузницата на дишните патишта од дразби кои го предизвикуваат рефлексот на кашлање и на тој начин ја смируваат сувата и надразнителна кашлица. Аукубинот, кој исто така е присутен во тегавецот, има бактериостатско дејство и ги намалува инфекциите на горните дишни патишта.

Цветови од црн слез
Цветовите од црн слез исто така содржат муцилаги. Екстрактот има локално муцилагено дејство врз слузницата на горните дишни патишта. Муцилагите формираат тенок механички заштитен слој и го намалуваат рефлексот на кашлање. На овој начин, ја смируваат сувата и надразнителна кашлица.
Витамин Ц
Витаминот Ц е вклучен во бројни метаболни процеси во организмот. Меѓу другото, го подобрува имуниот одговор и отпорноста на телото кон инфекции и овозможува обновување на клетките. Хербион сирупот од тегавец нема централно дејство. Не го потиснува рефлексот за кашлање во мозокот туку делува локално на слузницата на дишните патишта.
Состав на Хербион сирупот од исландски лишај

Исландски лишај
Хербион сирупот од исландски лишај содржи екстракт од исландски лишај со муцилаги во форма на полисахариди. Се смета дека муцилагите ја прекриваат слузницата на горните дишни патишта и формираат заштитен слој, при што се потиснува рефлексот за кашлање предизвикан од надворешните дразби. На овој начин, ја смирува сувата и надразнителна кашлица. Исто така, се смета дека муцилагите врзуваат вода на површината на слузницата и на тој начин ја навлажнуваат надразнетата и сува слузница на устата и грлото.
Состав на Хербион сирупот од јаглика

Корен од јаглика
Екстрактот од коренот од јаглика има експекторантно дејство главно како резултат на локалната иритација на желудечната слузница под дејство на сапонините. Со тоа се предизвикува вагусен рефлекс и се зголемува бронхијалната секреција при што се разредува секретот, се намалува неговата густина и се олеснува искашлувањето. Овој механизам на дејство се нарекува гастропулмонален рефлекс.

Херба од мајчина душица
Екстрактот од херба од мајчина душица делува како експекторанс и бронхоспазмолитик(ги намалува грчевите во дишните патишта). До ова дејство доаѓа поради содржината на есенцијални масла чиј поголем дел се излачува преку белите дробови. На патот до белите дробови, маслото поттикнува лачење на секрет и го олеснува искашлувањето. Тимол, главната состојка на есенцијалното масло, исто така има антисептично дејство.
Состав на Хербион сирупот од бршлен
