Хербион ® сируп од јаглика

Хербион сируп од јаглика

Хербион сирупот од јаглика се препорачува за искашлување при продуктивна кашлица кај горно респирaторни болести придружени со кашлица.

Хербион сирупот од јаглика има комплексен состав:

  • екстракт од корен на јаглика
  • екстракт од херба на мајчина душица

 

Хербион сирупот од јаглика има вкус на мајчина душица.

Погледнете во како делуваат Хербион сирупите. Доколку сакате да откриете каков тип на кашлица имате, кликнете тука за да дознаете.

Начин на употреба:

  • Возрасни и деца над 12 години: 1 дозирна лажичка 4 пати на ден
  • Деца на возраст од 4 до 12 години: 1 дозирна лажичка 3 пати на ден
  • Деца на возраст под 4 години: не се препорачува
  • Се препорачува пиење на многу чај и други топли пијалоци за време на земањето на сирупите, но не веднаш по нивната употреба бидејќи храната и пијалоците може да ја забрзаат елиминацијата на лекот од слузницата на устата и грлото.
  • Доколку симптомите се влошат или не се подобрат по 1 недела, консултирајте се со лекар.