Хербион ® сируп од тегавец

Хербион сируп од тегавец

Хербион сирупот од тегавец се препорачува за смирување на сува и надразнителна кашлица која ги придружува горно респираторните болести.

Хербион сирупот од тегавец има комплексен состав:

  • екстракт од лист на тегавец
  • екстракт од цвет на црн слез
  • витамин Ц

Хербион сирупот од тегавец има природен вкус на портокал.

Погледнете во како делуваат Хербион сирупите. Доколку сакате да откриете каков тип на кашлица имате, кликнете тука за да дознаете.

Начин на употреба:

  • Возрасни и деца над 14 години: 2 полни дозирни лажички 3 до 5 пати на ден
  • Деца на возраст од 7 до 14 години: 1 до 2 полни дозирни лажички 3 пати на ден
  • Деца на возраст од 4 до 7 години: 1 полнa дозирнa лажичкa 3 пати на ден
  • Деца помали од 4 години: не се препорачува
  • Се препорачува пиење на многу чај и други топли пијалоци за време на земањето на сирупите, но не веднаш по нивната употреба бидејќи храната и пијалоците може да ја забрзаат елиминацијата на лекот од слузницата на устата и грлото.
  • Доколку симптомите се влошат или не се подобрат по 1 недела, консултирајте се со лекар.