Клинички испитувања на Хербион ® сирупите

Ефикасноста и безбедноста на Хербион сирупите е клинички потврдена.

Хербион сирупите се ефикасни во симптоматското лекување на воспаленија на горните дишни патишта проследени со кашлица. Во клиничката студија беа вклучени 112 пациенти, од кои 60 земаа Хербион сируп од тегавец или Хербион сируп од јаглика во зависност од типот на кашлицата. Во контролната група беа 52 пациенти. Испитаниците имаа симптоми на зарипнато грло, бронхит, трахеит и трахеобронхит.

Хербион сируп од тегавец

Клиничката студија покажа дека Хербион сирупот од тегавец ја намалува честотата на сувата кашлица.

Клинички испитувања на Хербион ® сирупите

По 8 до 9 дена, честотата на сувата кашлица беше намалена кај 72% од пациентите кои го земале Хербион сирупот од тегавец.

Хербион сируп од јаглика

Клиничката студија покажа дека Хербион сирупот од јаглика го подобрува искашлувањето на секрет.

Клинички испитувања на Хербион ® сирупите

На крајот на студијата, искашлувањето на секрет беше олеснето кај 65% од пациентите кои го земале Хербион сирупот од јаглика.

Не беа забележани несакани дејства – третманот со Хербион сирупите беше безбеден.

Референца:
V. A. Ignatev. Clinical study: Efficacy and safety of Herbion plantain syrup and Herbion cowslip syrup. Krka 2007, data on file.

Хербион сируп од бршлен

Хербион сирупот од бршлен е развиен и произведен во согласност со најновите научни препораки на Европската Агенција за Лекови (ЕАЛ) кои се однесуваат на карактеристиките на екстрактот, индикациите и начинот на употреба.

Ефикасноста и безбедноста на екстрактот добиен од листот на бршлен во клиничката пракса беа потврдени со бројни клинички студии. Овие студии се достапни во извештајот на ЕАЛ Assessment report on Hedera helix L., folium.

Научните препораки на ЕАЛ за бршлен обезбедуваат квалитет, ефикасност и безбедност на Хербион сирупот од бршлен. Затоа се препорачува и за најмалите деца.

Хербион сируп од исландски лишај

Хербион сирупот од исландски лишај содржи хербален екстракт препорачан од Светските монографии.

Екстрактот од исландски лишај се препорачува во третманот на воспалено и суво грло. Исто така, испитувањата потврија дека водениот екстракт од исландски лишај има антибактериско и антивирусно дејство, антиоксидантно дејство, антипролиферативно и имуно дејство.
При една клиничка студија, беше потврдена ефикасноста, како и добрата подносливост на водениот екстракт од исландски лишај при надразнителни состојби на дишните органи.

World Health Organisation: WHO Monographs on Selected Medicinal Plants, 2009, Volume 4 (140–148)