Квалитет на Хербион®

Хербион сирупите содржат растителни екстракти кои се во согласност со европските и светските монографии. Сите одбрани растенија со добро познати дејства имаат европски квалитет и се одгледувани и произведени во ЕУ. Медицинските растенија употребени во Хербион сирупите ги задоволуваат потребите за здравствена соодветност. Тие се произведени во согласност со принципите на добра производствена пракса (GMP) и добра земјоделска пракса (GACP), како и други строги водичи за медицински производи. Целиот процес на растење и собирање на растенијата е посебно контролиран. Медицинските растенија се дополнително анализирани пред да се употребат во производство на сирупите. Растенијата/екстрактите се проверуваат од пестициди, микотоксини, тешки метали (Pb, Cd, Hg), микробиолошки квалитет и тестираат.

Хербион е развиен и произведен од европскиот производител на високо квалитетни лекови, Крка. Лековите на Крка се резултат на своето сопствено знаење и искуство. Тие се развиени со најмодерни методи и технолошки постапки. Квалитетот на лековите на Крка е во согласност со највисоките европски стандарди за квалитет.